LG Optimus L7 - Елегантен Дроид

Објавено на 23.09.2012 во Рецензија



LG Optimus L7 - Елегантен Дроид

LG Optimus L7 е смартфон кој се натпреварува во средна категорија и според неговата ниска цена има навистина што да понуди. Доколку сте заинтересирани за практичен и достапен мобилен LG Optimus L7 може да биде вистински избор. Секако нема да ве воодушеви премногу доколку барате нешто што се наоѓа на врвот на конкуренцијата, но затоа пак е пријателски настроен кон вашиот буџет. Инаку ова е уште еден смартфон кој претендира да освои аплаузи со својот дизајн, па и на тој план нема да останете разочарани.



Генерални карактеристики

Со оглед на тоа што се појави кон средината на годината и е наменет за борба во средната класа кај LG Optimus L7 нема да најдете многу новитети кои се планирани за еден LG Optimus G, но затоа поседува неколку предности во однос на останатите смартфони во оваа конкуренција. Кај него може да се издвои добро смислениот дизајн кој е многу поелегантен од на пример Motrola Razr Maxx или пак од едноличноста на бројните Sony Xperia смартфони. Друга предност е присуството на Ice Crema Sandwich, што значи и пристап до сите нови софтверски решенија. Кај негативните страни може да се наведат помалиот хардверски капацитет и просечната камера од 5 мегапиксели. Исто така ја има сета потребна конекција, но како што споменавме претходно изостануваат неколку клучни елементи како на пример 4G LTE конекција.



Дизајн и Екран

Дизајнот на LG Optimus L7се вклопува во добро осмислените и професионално дизајнираните смартфони на корејците како што се Prada, Chocolate и Secret. L серијата не изостанува зад овој концепт и повторно пред себе имате смартфон кој е добро дизајниран. Секако во овој дел најважен е личниот вкус на секој поединечно, па затоа освен коментарите за фукнционалноста и практичноста на дизајнот не може да се кажат дополнителни заклучоци кои во секој случај ќе бидат субјективни.



Димензиите на LG Optimus L7 изнесуваат 25.5 x 67 x 8.7 mm и тежина од 122 грама кои сами по себе говорат за неговата практичност и функционалност на минималистичкиот дизајн. И покрај малите димензии смартфонот поседува поголема батерија од неговите претходници.



Екранот од 4.3" IPS LCD има WVGA резолуција, што секако е под перформансите на многу понапредни телефони, но е сосема доволно за категоријата во која припаѓа. Контрастот и боите се добро изразени, но со слаба видливост при дневна директна светлина врз екранот.



Кориснички интерфејс и софтвер

Оперативниот систем Android Ice Cream Sandwich 4.0 речиси и воопшто не е чепнат од страна на LG, освен некои мали додатоци што само го подобруваат целото искуство. За поблиску да се запознаете со софтверот погледнете го видеото.



Целтна на LG со промените во интерфејсот не е да направат козметичка разлика, туку навистина корисни додатоци, кои само ќе го поедностават користењето на опциите. Една од нив е погледот под екранот кога е заклучен, а со еден допир може да ги актвивирате и апликациите на менито. На располагање ви се креирање на четири скратени патеки за апликации и сервиси кои најмногу ги користите.

 

Кај LG Optimus L7 може да креирате 5 домашни менија, на кои ќе сместите различни икони по ваш избор, а добрата страна кај интерфејсот е што речиси се може да се прилагодува онака како што вие сакате.

 

Пристојна камера

Камерата од 5 мегапиксели со LED блиц нема во никој случај да ве изневери. Способна е за слики со резолуција од 2592 х 1944 пиксели. Блицот е квалитетен, но но во многу темни ситуации и не е баш најупотреблив.  Корисничкиот интерфејс на камерата има корисни опции, но за најдобро да ги искористите ќе треба да прочепкате нешто подлабоко. Достапни ви се и препознавање на лица и постојан автофокус. Најголем недостаток е снимањето на видеа со резолуција од 640 х 480 што е секако многу под нивото на другите конкуренти кои достигнуваат барем 720 пиксели резолуција.



Функционален плеер

Додадениот музички плеер од LG е речиси идентичен со оној на Android и во дизајнот и во функционалноста. За пофалба е квалитетниот звук на звучниците, што ветува добра забава. Достапни ви се 4 гига внатрешна меморија и секако можност за надополнување до 32 гига со мемориска картичка microSD.

 

Заклучок

Пред да го направавите конечниот избор за смартфон од средна класа ќе треба добро да разгледате. Токму во оваа класа лежат најголемите замки, односно смартфони кои на хартија имаат добри карактеристики и изгледаат квалитетно, но всушност не се многу практични и функционални. Кај LG Optimus L7 најголем пробчлем е слабиот капацитет на хардверот со процесор од само 1GHz и 512 MB RAM. Секако има и други смартфони со вакви карактеристики, кои се и поскапи, како на пример HTV One V, но имаат подобри перформанси. LG Optimus L7 има и свои предности, како што е убавиот дизајн и корисничкиот интерфејс, затоа ако се решите да го купите нема да фали ништо.

Автор

Христијан Станоевиќ
Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: